еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Лекарот Неџад Хоџиќ во централниот дневник на босанска телевизија „Фејс“ раскажуваше за она што се случува во италијанските болници.

За време на војната тој бил во Босна и Херцеговина, но она што сега таму се случува, вели дека е неспоредливо.

„Можам да кажам една работа, во војна имаш еден непријател кој се наоѓа на една страна, овде непријателот напаѓа на сите страни. Значи секој човек кој го гледате на улица, тој е потенцијален пренесувач на тој вирус кој уништува се можно,“ вели Хоџиќ, кој работи во болницата во Бреша.

Секој ден работи, и по потреба се останува до 16 часа.

Најголем проблем е огромен прилив на пациенти во Ургентен центар, каде што оние кои се сомнтителни, одат во Центар за изолација каде што веднаш се тестираат. Според лекарот снимката на белите дробови во последно време е онаа која е најрелевантна.

„Апелирам на здравствените работници, најважно е да се спрема опрема. Мобилни апарати за снимање на бели дробови. Зошто? Затоа што пациент кога оди во изолација тој не може повеќе да се движи. Нема време за толкав број на пациенти. Снимаме бели дробови и правиме крвна анализа и веднаш пациентите кои не можат да дишат се поставуваат на апарати за дишење,“ додава докторот.

Тој вели дека заболуваат сите, не само старите луѓе.

„Проблемот во Италија е што е нација со најмногу стари луѓе во светот и затоа тие најповеќе се погодени. Домовите за стари лица се погодени. Тие најмногу умираат, бидејќи организмот им е оштетен од хронични заболувања.

Но не се само тие, имавме случај на смрт на пациент кој е 44 години. Најголем проблем е преносот и во Италија тргна на тој начин, од внуци на баба и дедо. Најважно е што подалеку да ги држите лицата од себе“, вели тој.

Различни луѓе различно поминуваат со корона вирусот, како обичен грип и толку. Други се зголемена температура до 12 дена, други кои се постари или имаат проблем со респираторни органи имаат симптоми на отежнато дишење. Вирусот ги напаѓа белите дробови.

„Во два дена, не можете да ја препознаете снимката на белите дробови на пациент кој вчера е примен и денес. Тој вирус го уништува ткивото на белите дробови. Предизвикува емболија на белите дробови. Мртовечниците се полни, направени се шатори околу болниците во еден дел кој е сокриен. Телата се оставата во шаторите се додека не дојдат воени камиони кои ги собираат, бидејќи погребалните друштва не се во состојба една десетина од телата да соберат,“ вели докторот Хоџиќ.

Толку е голем напливот на пациенти што возилата на Брза Помош стојат едно позади друго за да влезат на Ургентен.

Она што го потенцираше докторот е што мора да постои опрема која ги штити здравствените работници.

„Работам како космонаут, затворено со се. Постојано менувам ракавици, носам најмалку два слоја. Кога ќе се заврши преглед на еден пациент, мора опремата да се смени. Но тоа е единствен начин на превенција. Не можете во исто одело да се појавите пред заболен и каде што има сомнеж. Според статистиката, имаме 300 заболени здравствени работници, од кои 13 починаа. Имам колега кој е на респираторна машина, кој е интубиран и има 40 години,“ вели Хоџиќ.

Тој додава дека превенцијата е многу важна работа, миење раце, изолација, самоизолација.

„Кога се враќам од работа дома, се пресоблекувам во соба, влегувам во купатило, се туширам и останувам во таа соба. За да избегнам пренесување на инфекција на моето семејство. Нека се смири ситуацијата во Италија, ќе дојдам да ви помогнам во Босна, јас таму војна преживеав. Мора да се помага еден на друг, бидејќи човековата раса е загрозена,“ додава Хоџиќ.

Видео: Фесјбук-страница на Македонска дијаспора

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снег ќе ја покрие скоро цела Македонија, од УХМР најавуваат и ветер и постудено време

Редакција

За Ковачевски инцидентот во Охрид имал за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Редакција

Вучиќ: Српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, Ковачевски му реагираше на Курти за Тетово

Редакција