еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Да се подготвиме за преговори засновани на разум, не на емоции, му порача Борисов на Османи

Апел до двете земји да се подготват за преговори засносвани на разум, а не на емоции, упати денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата на аеродромот во Софија со шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој, пак, истакна дека е потребно што е можно побрзо да се одржи состанокот на меѓувладината комисијата, со цел да се направи пресек на она што досега е исполнето од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на ИФИМЕС: Бугарски „десант“ на Македонија со пари од ЕУ

Османи денеска се сретна со Борисов на софискиот аеродром, од каде замина за Швајцарија, при што потенцира дека тој пред две недели на истата локација се сретнал со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со која заклучиле дека фокусот во моментов треба да биде на секторската соработка, враќањето на довербата и што е можно поскоро одржување на состанокот на меѓувладината комисија, која согласно Договорот е предвидено да се состанува еднаш годишно со цел да се сумира она што е исполнето од Договорот.

-Го договоривме акцискиот план, потребен е само извештај од Комисијата за историски прашања. Треба што побрзо да се состане меѓувладината комисија, да кажат толку и толку е направено минатата година, толку ќе направиме следната година.

Очекувам од ваша страна, но и од наша страна што поскоро да се усогласи терминот за тој состанок. Ако се врати довербата мислам дека полесно ќе можеме да разговараме за сите други прашања за кои имаме разлики, му порача Османи на Борисов.

Бугарскиот премиер за содржината на разговорот објави на својот Фејсбук профил, на кој објави и видео од средбата, која се одржа на софискиот аеродом.

Борисов нагласи дека сите несогласувања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија треба да бидат надминати, бидејќи, како што посочи, следните генерации нема да ни простат дека сме ја пропуштиле оваа голема можност.

Тој рече дека не смее да биде забавено интегрирањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и токму поради тоа е потребно надминување на несогласувањата меѓу Софија и Скопје.

-Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската унија. Геостратешката цел на Бугарија е ова, прашањето е да се најде политичка волја, и ние и вие, нагласи Борисов на средбата.

Бугарскиот премиер додаде дека двете земји треба да чекорат по патот на дипломатијата и разбирањето.

-Хеорите, кои загинале за слобода, не смее да бидат темата, која ќе не раздели, бидејќи нивниот најдлабок сон бил да бидеме заедно и затоа ги дале своите животи. Така што тие треба да бидат мост на пријателство, а не на разединување, нагласи Борисов.

На средбата бугарскиот премиер ја потврдил принципиелната поддршка за европската интеграција на Северна Македонија со исполнување на соодветни услови и ја потенцитрал потребата од целосна имплементација на Договорот за добрососедство.

Борисов испрати специјални поздрави до премиерот Зоран Заев и претседател Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ненајавена средба на Османи со Борисов на софискиот аеродром

МИА/Фото: МНР/видео: Борисов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

Редакција

(Галерија) Крива Паланка накитена за новогодишните празници

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 869 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција