еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Камчев од притвор спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“.

Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок.

Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска покрај Камчев треба да сведочи и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

МИА/Фото: Орка холдинг/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Не постои договор со ВМРО-ДПМНЕ односно со Никола Груевски

Редакција

Притвор и за лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција, адвокатот засега останува на слобода

Редакција

Антикорупциска демантира дека синот на Мира Дизел незаконски се вработил во ЕЛЕМ

Редакција