еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Се урна канадер кој гаснеше оган на Евија, во тек е потрага по пилотите

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти, кои биле во Канадерот што кусо пред 15 часот по локално време се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за авион што припаѓа на военото воздухопловство.

Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштија дека „за време на воздушно гаснење на пожар на Евија, во 14:52 часот, авион CL-215, со екипаж од двајца пилоти од 355-та тактичка транспортна ескадрила на 112-то борбено крило“.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео на кое е снимен моментот на падот на авионот.

МИА/Видео: ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стефанова на судењето за „Рекет“: Политичари и судијката Кацарска вршеа притисок за притворот на Камчев

Редакција

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Петре Димитров

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 3.587 акции на ОКТА

Редакција