Со светлосно шоу во чест на сите кои беа во првите „борбени редови“ во битката со корнавирусот, по 76 дена, 11-милионскиот град Вухан, од каде почна епидемијата со коронавирусот и официјално е отворен.
Властите ги отворија патишта што излегуваат од градот и им дозволија на луѓето да го напуштат градот со автомобил, пренесуваат светските агенции.
Властите на централната кинеска провинција Хубеи соопштија дека ќе продолжат да ги спроведуваат меркиите против коронавирусот, иако нејзиниот главен град Вухан ја укина забраната за патување.
Факултетите, основните и средните училишта, средните стручни училишта, технички училишта, како и градинките низ целата провинција ќе продолжат со одложување на почетокот на полугодието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Графикон) 74 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани
Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот
Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот
Фото: Xinhua News Agency/видео: CGTN