Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави видео од средба со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада.
Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада да ја заштитат народната волја. Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна!
Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 01 јануари 2020
На видеото можат да се видат сите кандидати, освен спорниот за предложениот технички премиер, Оливер Спасовски и СДСМ, кандидатот за министер за внатрешни работи, Драган Ковачки.
На средбата се присутни кандидатката за технички министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, кандидатката за дополнителен или заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, кандидатот за заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и кандидатката за заменик министер за информатичко општество и администрација, актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски.
Дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ се откажала од Ковачки, ќе стане појасно утре.
Техничката влада во Собрание треба да биде изгласана на 3. јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја предлага за заменик министер за финансии
Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ/Мицкоски/Фејсбук