еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) За што се работи во случајот „едно евро за Вицето“, за кој Антикорупциска отвара случај за премиерот Заев

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (или позната во јавноста како Антикорупциска комисија), Билјана Ивановска за Топ Тема на телевизијата Телма најави дека комисијата отвара предмет за премиерот Зоран Заев за случајот “Поткуп“ или познат и како „едно евро за Вицето“.

Заев е правосилно ослободен за „Поткуп“

Пред неколку недели Апелацискиот суд Скопје соопшти дека ја одбива како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.

Заев на 21. мај 2018 година беше ослободен од обвинението за случајот „Поткуп“.

За што се работи

Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.

Снимката за „Поткуп„ се уште се „врти“ на You tube

Инаку дел од снимката за овој случај, направена со посебните истражни мерки, се уште се „врти“ на неколку канали на You tube, меѓу кои и на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев изминативе години постојано бараше да се објави целата снимка, а не само дел, за да се добие целосната слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори четири постапки за премиерот Заев

Сите детали за предметот „Глобал“ за кој Антикорупциска го става на тапет премиерот Заев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Папата Франциск: Во Украина нема специјална воена операција, туку војна

Редакција

Димитров и Заев лежерно во Охрид

Редакција

Починаа уште шест лица од Ковид-19, вкупно 2.702

Редакција