еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Палењето знамиња на држави и макети од Заев и Шекеринска не е патриотизам

Владата денеска најостро го осуди инцидетот што се случи пред Конзулатот на Македонија во Мелбурн.

-Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн.

Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност.

Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди, се наведува во реакцијата на Владата, која на својот Фејсбук профил ја објави министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Во реакцијата се додава дека говорот на омраза поттикнува насилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции.

-Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, не се никаква одлика на патриотизам, ниту пак се слика за нашата дијаспора.

Овие срамни изолирани дејствија нема да наштетат на гордоста да се биде Македонец или граѓанин на нашата земја, дома или надвор од границите на Република Северна Македонија, се вели во реакцијата.

Група македонски иселеници во Мелбурн вчера пред македонскиот Конзулат во Мелбурн запалија грчко, албанско и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Заев и Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Македонски иселеници пред козулатот во Мелбурн запалија грчко, бугарско и албанско знаме и макети од Заев и Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учебниците по историја една од темите на македонско-бугарската комисија која ќе се сретне утре и задутре во Скопје

Редакција

По барање на СЈО замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „НОЕЛ“ во истрагата за „Поштенска банка“

Редакција

Убава вест: 2.418 оздравени од Ковид-19

Редакција