еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО -ДПМНЕ ќе учествува на расправата за реформските закони, за предложените измени за КЗ велат дека се трговија со правото

Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека ќе учествуваат на расправата за законите со европско знаменце, а за предложените измени и дополнувања на Крвичниот Законик велат дека се тргување со правото.

„Пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата иако во ниту еден момент не беше консултирана, ќе учествува во расправата за реформските закони односно законите кои се со европско знаменце и се однесуваат на европските перспективи на Република Македонија.

Иако, сметаме дека повторно како во многу наврати досега европското знаменце во поедини случаи е злоупотребено како одговорна партија и опозиција во македонското Собрание сметаме дека овие закони се многу значајни и за истите ќе поднесеме амандмани со кои сметаме дека значително ќе делуваме во предлог законите.

И покрај прекршувањето на процедурите и Деловникот за работа на Собранието, како пратеници од ВМРО -ДПМНЕ, ќе се спротиставиме на ваквиот начин на функционирање на Собранието со цел граѓаните да добијат подобри законски решенија преку амандманите кои што ќе ги поднесеме во текот на процедурата.

Второ, предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик на Република Македонија имаат за единствена цел на рушење на правната традиција и поткопување на правната сигурност и функција на правниот поредок на Република Македонија односно Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава.

Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена.

Преку овој закон излегуваат на виделина сите дилови на Зоран Заев. Наместо подобрување на правните норми и работење во согласност со забелешките од Брисел како услови за почеток на преговори, Македонија на чело со Заев и СДСМ свесно ја носат Република Македонија во амбис.

Токму поради ваквото несериозно однесување на Заев и СДСМ, Македонија нема да добие почеток на преговори со Европската Унија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во дебатата и нема да ги гласа Предлог измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ„, велат од Пратеничка група на ВМРО- ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата велат дека не планираат нова амнестија и измени во Кривичниот Законик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка

Редакција

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид кој се вакцинираше против Ковид-19 преку ред

Редакција

Советник од кабинетот на министерот Наќе Чулев позитивен на корона вирусот

Редакција