Првичните резултати од вториот круг на претседателските избори пристигнуваат и очекуваме одличен резултат за кандидатката Гордана Силјановска Давкова, која беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата изјави денеска на прес-конференцијата во седиштето на избирачкиот штаб, Игор Јанушев.
Според Јанушев овие избори носат нова реалност во земјава и „се освен победа ќе фрли сенка врз изборниот процес и ќе отвори сомнежи за евентуален изборен иженеринг“.
-Народот се дигна против власта на Заев потврдена е новата реалност, народот бара промени. Тргна падот на Заев и неговата власт, а народот победува. Новата реалност значи Заев ја губи поддршката, а бројот по општини каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромна. Реалноста значи дека народот правда, бара слобода, бара стандард, принципи и вредности, рече Јанушев, но напомена дека резултатите се уште пристигнуваат и оти наскоро ќе излезат со конкретни бројки.
Нагласи дека забележани биле нерегуларности во текот на изборниот процес. Нивните индиции, додаде Јанушев говореле дека има семејно гласање, организирано гласање, притисоци, закани и уцени, но индиции за поткупи, злоупотреба на полицијата.
Тој тука спомена нерегуларности во избирачки места во Прилеп, каде вели дека имало организирано гласање, во Ново Село, кое според него, било под полициска опсада.
За нерегуларности спомена дека партијата увидела дека има и во Битола, Шуто Оризари, каде тврди дека имало организиран превоз преку такси компанија блиску до власта. Спомена дека вакви појави имало и на други места во Штип,Радовиш, Куманово.
-Првичните резултати пристигаат и очекуваме одличне резултат за ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ги оцени изборите како слободни и демократски
ДУИ: Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците