еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во „Империја“ “испрани“ најмалку 10,9 милиони, македонскиот буџет оштетен за 6,2 милиони евра

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) информираат дека во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува дека со случајот „Империја“ е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.

„Воедно, информираме дека петте осомничени лица, за кои беше поднесен предлог за определување на мерка притвор, се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес.

Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела“, велат од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Империја“ на СЈО: Замрзнат имотот на Орка холдинг и Ексико

Судот го замрзна имотот на Камчев и други осомничени во „Империја“

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 19 април

Редакција

СЗО Европа: Македонија ги спроведува препораките, нема потреба од паника

Редакција