еМагазин
Image default
Македонија

Во Италија уапсени татко и син Косовци, за насилство врз девојка од Македонија

Италијанската полиција уапсила двајца косовски државјани, татко и син, поради психичко и физичко насилство врз 19 годишна девојка од Македонија, која била свршеница на синот.

Локалните медиуми во Римини информираат дека двајцата Косовци на возраст од 54 и 24 години, се уапсени по наредба на обвинителот Давид Ерколано.

За траумите кои ги преживувала, девојката му кажала на татка си кој за тоа ја известил полицијата.

Двајцата Косовци се уапсени денеска, а девојката е однесена во болницата во Римини за медицинска контрола и третман.

Девојката и изјавила на полицијата дека со момчето се запознале преку Фејсбук по што по кус период решила да замине од Македонија за да живее заедно со свршенкот. Но, веднаш по пристигнувањето, оваа љубовна сторија се претворила во пекол. Тие и го одзеле пасошот, а секојдневно била изложена на физичко и психолошко насилство.

МИА/Фото: shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отсуство на обвинетата, одложено судењето за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици

Редакција

Протуѓер спаднал на ниски гранки, вели Груевски за неговото сведочење, а откри и дека имал здравствени проблеми поради загадениот воздух

Редакција

Убава вест: Оздравени 409 заболени од Ковид-19

Редакција