еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Владата незнаат колку ќе не чини спроведувањето на двојазичноста

Во моментов Владата нема конкретна сума за тоа колкави ќе бидат финансиските импликации од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Минатата година за оваа намена биле издвоени 100 милиони денари, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамед Хоџа.

-По објавувањето на Законот за употреба на јазиците во „Служен весник“ сите институции се обврзани да создадат услови за практицирање на Законот во секојдневието. Секоја институција притоа треба да направи анализа на своите капацитети и зависно од таа анализа да ги преземе и чекорите со кои ќе се подобрат капацитетите и човечките ресурси во однос на остварување на Законот за јазици.

Со Законот се предвидува и формирање на Инспекторат што ќе го мониторира исполнувањето на Законот од страна на сите институции. Во моментов немаме точна сума за финансиските импликации, односно колку тоа може да ја чини Македонија, но, во минатогодишниот Буџет беа обезбедени сто милиони денари за спроведување на овој Закон во пракса, рече Муамед Хоџа на новинарско прашање.

Запрашан како ќе се овозможи спроведување на овој Законт во општините и институциите каде нема вработено ниту еден Албанец, Хоџа посочи дека Законот важи за сите институции што постојат.

-За оние институции што не го практицираат јазикот согласно Законот за јазици што е во сила, се предвидуваат и казни, рече Хоџа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глоба до 5.000 евра за институциите кои ќе „подзаборават“ на законот за употреба на јазиците

Детален преглед: Какви промени носи имплементацијата на законот за употреба на јазиците?

Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот долг годинава 60% од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира Народна банка

Редакција

Судењето за Жан Митрев одложено, пред судот протестираа граѓани со транспаренти

Редакција

Топ пет најниски нето плати во јуни

Редакција