еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Во емисијата „Кирилица“ на авторот и водител Миомир Мариќ на српската телевизија ТВ Хепи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, отвори нова дилема за бегството на поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски.

Тој вели дека Груевски и македонско-албанската граница ја поминал заедно со Унгарци.

„На 10. ноември во текот на ноќта, некаде меѓу 1 и 2 (часот), немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегува на територијата на Албанија. Влегува во придружба на две лица од унгарска националност и влегуваат во Црна Гора, на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пасаван издаден во унгарската амбасада во Албанија. Потоа влегува во Србија на 11. ноември во 22:27 преку граничниот премин Гостун повторно со важечка лична карта„, рече Вучиќ.

Според официјални информации од албанските власти, Груевски не е регистриран легално на влезот во Албанија, туку само на излез. Претпоставките на албанската полиција се дека најверојатно во Албанија влегол нелегално, пеш.

Албанските медиуми пак неофицијално објавија дека Груевски излегол од Македонија на див граничен премин кај Дебар, при што според весникот „Дита“ имал асистенција од луѓе од доверба, како и од тајните служби во Албанија.

Според „Дита“, Груевски со сигурни негови луѓе влегол на албанска територија.

„Дита“ наведува дека самиот факт што Груевски немал проблеми на излезот од Албанија на преминот Хани и Хотит, и покрај тоа што влегол нелегално во земјата, а излегол со лична карта, доволно говори дека минувањето преку Албанија е реализирано со влијателни и сигурни негови луѓе.

Дел од албанските медиуми пак известуваа дека можна замешаност во ова може да има и албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија.

Дека од Албанија, Груевски излегол со унгарски дипломати, соопштија и албанските власти, а црногорските медиуми пак објавија дека Груевски во Црна Гора влегол и излегол во придружба на дипломати од Унгарија.

Македонските власти пак до сега уште немаат соопштено ниту една информација.

Две истраги за сега води Министерството за внатрешни работи, кои меѓудругото треба да покажат како избегал Груевски и кој се му помагал во Македонија, но и надвор.

Предистражна постапка за бегството на Груевски отвори и Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) По повеќе прободи со нож, хрватските хулигани продолжиле да го тепаат и газат убиениот навивач на АЕК

Редакција

Од 70 градинки со 311 објекти не е отворен само еден

Редакција

Одложувањето на пописот поддржано во собраниската Комисија за европски прашања, неуредно доставени над 100 амандмани

Редакција