Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии, а вчера дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка на седницата на Комисијата за европски прашања, стои во реакцијата на коалциониот партнер на ДУИ, СДСМ, за вчерашниот инцидент во македонското Собрание.
“ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем.
Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети.
Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да се однесува агресивно и деструктивно кога се работи за закони за правдата, така се однесуваше и при носењето на Законот за Јавно обвинителство, го блокира и Законот за Академија за судии и јавни обвинители.
Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата.
СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат хаос, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги спасува криминалците, секој што се огрешил пред законот ќе одговара!“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание
„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест