Денеска во просториите на Владата премиерот Зоран Заев имаше средба и разговараше со пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, информираат од Владата.
„Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја.
Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот.
Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.
На средбата беа изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ„, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи ги пријавил пораките со закани и притисоци во институциите, добил и обезбедување
Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на Владата
Фото: Влада