еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев контра неговиот советник: „Бомбите“ се автентични и му се предадени на Верушевски

Зоран Верушевски е мој советник за национална безбедност и јас со него како и со сите мои советници сум во постојана комуникација, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

„Секако дека е точно дека материјалите му се предадени на господинот Верушевски како што кажаа Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски, но тие формално правно се предадени на СДСМ, а се примени преку господинот Верушевски, а јас тогаш веќе бев лидер на СДСМ“, посочи премиерот.

Изјавата на Верушевски во врска со модфицираноста на „бомбите“, Заев ја поврза со разочараноста што некој го вовлекол СЈО во „Рекет“,  како и истекувањето  на „бомбите“ како случајот со Ел Чека.

„Ниту еден од обвинетите во кој било од случаите не ги оспорува бомбите, и форензиката ја покажа самата автентичност на материјалите“, рече премиерот.

Заев додаде дека треба да се остават процесите да течат, сведоците да сведочат, обвинетите да си ја градат својата одбрана.

Во врска со можноста оваа недела да се одржи нова лидерска средба за Законот за ЈО, Заев истакна дека тој е подготвен за нов обид за усогласување на ставовите доколку се утврди дека тоа е потребно и оти има услови таа да се одржи.

„Земјите членки на ЕУ особено оние коио будно ги следат предметите на СЈО, како и неговата иднина  потврдуваат дека е добро што е гарантирана иднината на предметите. Важно е да се донесе закон за да можеме уште повеќе да ја гарантираме иднината на самите предмети. Подобро е да има загарантирана иднина на предметите сега отколку преку закон таа иднина да се дерогира“, рече Заев и испрати порака до оние кои учествуваат во работните групи и од власта и од опозицијата да направат исчекор и да се донесе законот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По сведочењето на Верушевски: Сите очи вперени во советникот на премиерот Зоран Заев

(Видео) Фетаи: Исказот на Верушевски дека бомбите биле модифицирани, нема да влијае на постапките

Што сакаше да каже Верушевски со сведочењето дека „бомбите“ доживеале стравотна модификација и компромитирање

Груевски се огласи за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани!

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица

Редакција

Дане Талески останува на функцијата секретар за меѓународна политика на СДСМ

Редакција

(Видео) Потрагата по Мартин продолжува и денеска – потребни се волонтери, параглајдери, луѓе кои поседуваат дронови

Редакција