еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

Бугарија е една од ретките земји во светот каде не постои говор на омраза. Можеби и единствена. Прашајте го тамошното ромско, турско или македонско малцинство, кое според оваа членка на Европската Унија (ЕУ) не постои, па и тие ќе Ви потврдат.

Тоа што неодамна Брисел ги повикува бугарските власти и на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени, меѓу другото, и пресудите што се однесуваат на неможноста на македонското непризнаено малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија, се глупости, нема врска тоа со говор на омраза.

Тоа што и бугарска партија стои позади овој повик, исто нема врска. Исфрустрирана опозиција.

Ќе Ви кажат Македонците, Ромите и Турците: да, не се прават расистички и навредливи вицеви на наша сметка, кои потоа се печатат во весници, да, на Твитер и на Фејсбук се најубаво се пишува за нас, дури преубаво, абе дури криво да ти стане, да, ни дозволуваат и да си ги негуваме нашите јазици во училиштата и истите си ги учиме, да, и на телевизија на вести се најдобро за нас зборат, од толку убавини во оваа земја, членка на ЕУ, дури незгодно ни станува понекогаш… Стварно не ни е јасно зошто толку многу бугарски граѓани ја напуштија истата, ќе Ви кажат тие.

А, да, да не забороравиме, тоа што популарни ток-шоуа во Бугарија злобно шират навреди и понижувачки зборови упатени кон Македонците и другите малцинства, исто така врска нема. Тоа само се шегуваат, ќе ви кажат Македоците, Турците и Ромите.

Исто нема врска, што вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и неговата колешка од бугарската Влада, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева се некрунисани „крал“ и „кралица“ на говорот на омраза во ЕУ. Тие само реагираат така, бидејќи нивните соседи, Македонците, велат дека никогаш не биле Бугари, ниту пак планираат да станат.

Како може тоа, па незнаете дека и Исус бил Бугарин, да не ја начнуваме и темата за Атлантида, која била нормално бугарска. Срам да им е на Македонците.

Сега, убедени сте дека во Бугарија “нема говор на омраза“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

„Во Бугарија нема корупција и криминал, а Захариева е најубава политичарка во ЕУ„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател

Редакција

Црна Гора воведува карантин во три града поради Ковид-19

Редакција

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Редакција