еМагазин
Image default
Македонија

Засега не се размислува за заострување на мерките против корона вирусот во Куманово

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.

„Нашите анализи, проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени, како контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, се анализираат случаите која била релацијата и местото на живеење. Тоа интензивно на терен го работат епидемиолозите.

Така што можно е да се донесат и нови мерки, но не засега, заради тоа што овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одвојувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот, сметаме дека се доволни мерки“, рече на денешната прес-конференција министерот Филипче.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните од Куманово, како и сите други граѓани во земјата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и препораки со цел земјата да се справи со ширењето на коронавирусот.

Рече дека засега не се размислува за засилување на мерките и оти МВР и инспекторатите се постојано на терен во контрола на спроведувањето на постојните мерки.

„Ова е една ситуација, борба, војна во која сите ние ја носиме одговорноста. Без свест и одговорност на граѓаните како позитивен импут во борбата е тешко да се спроведат сите одлуки и мерки на Владата“, порача Филипче.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирусот

Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот

Вкупната бројка на заболени од корона вирусот 384 лица: Потврдени 30 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекциски надзор во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи беше објавено дека пациент бил вратен поради возраста

Редакција

Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено фотографирање, рочиштето одложено

Редакција

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Редакција