еМагазин
Image default
Македонија

Зиддојче цајтунг: Меркел рекла „не“ за брз датум за Северна Македонија

Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“, пренесува Дојче веле.

„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддојче цајтунг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега нема датум за преговори во јунските нацрт-заклучоци на ЕУ

Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?

Германскиот парламент го ратификува македонското членство во НАТО, „жолчна“ расправа и за ЕУ

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР предупредува: Измамници ветуваат лесна заработувачка со нова крипто валута

Редакција

13 починати лица од Ковид-19, 11 имале коморбидитет

Редакција

Во Велес ученик и техничко лице имаат Ковид -19, во самоизолација 20 ученици

Редакција