еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

Името на Димитар Ковачевски, се почесто се споменува во јавноста изминатиот период, како иден можен лидер на СДСМ и мандатар за нова влада.

Шпекулациите се „подгреаја“ и синоќа, кога Ковачевски присуствуваше на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на која се разговараше за влез на Алтернатива во владиното мнозинство.

Заев, присуството на Ковачевски го оправда со тоа што: „тој е член на Извршниот одбор, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, како и докажан кадар, кој комплетно е подготвен да помогне во разговорите.“

Кога Ковачевски влезе во ИО на СДСМ

На 16 мај 2021 година, СДСМ го одржа 26.Конгрес на партијата, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.

Заев тогаш информираше дека: „партијата го изгласала предлогот за кадровско освежување на 2/3 од составот на Централниот одбор.“

„Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица, кои досега биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови,“ изјави Заев.

На седницата на Централниот одбор беа избрани и членовите на Извршниот одбор, помеѓу кои e и Ковачевски.

Неколку месеци претходно, односно на 18 септември 2020 година Владата до Собранието ја достави листата со предлози за заменици-министри, на која беше и името на Ковачевски, како заменик-министер за финансии.

Ковачевски е близок човек на Заев

Ковачевски е еден од основачите на фабриката за производство на фотоволтаични соларни модули и производство на фотоволтаични термални модули, прва од овој тип во Македонија, на компаниите „Пиксел Груп“ и „Солар-ЕТ“.

На отворањето на фабриката во 2018 година, присуствуваше и Заев.

На промоцијата на фабриката беше истакнато дека „Пиксел Груп“ е првата фабрика во Македонија, лидер во иновации на производи за производство на електрична и термална енергија, односно за производство на фотоволтаични панели по европски и светски стандарди.

Со инвестиција од 5 милиони евра, 80 проценти од целокупниот технолошки процес е комплетно автоматизиран, а се планираше производство на 20МW годишно фотоволтаични панели, со највисок квалитет.

И во неговата официјална биографија пишува дека Ковачевски е „дел од воспоставувањето на високотехнолошка старт-ап компанија за производство и развој на елементи за производство на електрична енергија од обновливи извори (2018-2020 година).“

Во биографијата, исто така се додава дека: „во текот на професионалната кариера работи на низа корпоративни проекти за интеграција на деловни процеси заради зголемување на ефикасноста и профитабилноста на компаниите. Дел е од проектните тимови за имплементирање на SAP интегриран систем за управување со материјалното и финансиско работење и CRM интегриран систем за управување со клиенти.“

Професионална кариера

Во биографијата на Ковачевски пишува дека работната кариера ја започнува во Македонски телеком АД Скопје, како соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии (1998-2005 година), а потоа напредува на низа менаџерски позиции, директор на управување со маркетинг и продажба (2005-2008 година), директор на маркетинг комуникации (2008 -2010 година), директор на комуникации (2010-2016 година) и директор на резиденцијална продажба (2016-2017 година).

Бил дел од меѓународниот бренд комитет и меѓународниот комитет за комуникации на Дојче Телеком (2008-2016 година).

Потоа станува извршен директор на оне.Вип Македонија, (А1 Македонија), дел од Телеком Австрија групацијата (2017-2018 година).

Во вторник работите ќе бидат појасни

Дали Ковачевски ќе го наследи Заев ќе стане појасно во вторник, кога ќе биде свикан Централниот и Извршен одбор на СДМС, на кој Зав ќе ја поднесе оставката во партијата и ќе почне процедурата за избор на нов лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитар Ковачевски не е новиот мандатар, на средбата со Гаши присуствувал како член на Извршниот одбор, вели Заев

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието и Владата се прогласија за ненадлежни во случајот Павле Богоевски, на ред истражните органи

Редакција

Колку пари потрошил премиерот Зоран Заев на ресторани и хотели

Редакција

(Видео) Најмалку 64 лица загинаа во поплави во Шпанија

Редакција