Поранешниот директор на ПИОМ (Фонд за пензиско и инвалидско осигурување )Тетово – Д.Б. (45) од Тетово, заработи кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа.
Од 19 февруари 2022 година до 17. март 2023 година тој ангажирал шест лица и им давал плата, иако лицата не ги извршувале работите за кои биле ангажирани. На име плата им исплатил вкупно 22.525 евра, за колку е и оштетен државниот Буџет.
-Пријавениот знаел дека ангажираните лица не ги извршувале работните задачи предвидени во склучените договори и дека Фондот не водел евиденција за редовност, но сепак повеќепати им исплатил вкупно 1.387.558 денари, велат од МВР.