Чичко ми е вработен во Македонска навигација (М-НАВ) уште пред да се родам, а братучед ми е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на прашање во врска со негови роднини вработени во државното акционерско друштво.
„Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 – 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема?
Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК, која е комплетно затворена,“ истакна Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД
Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД
Фото: Влада