еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, изјави дека треба да се смени Законот за здравствено осигурување за да може да се покрие лекувањето на Леонид Индов во Австрија.

Според актуелните правилници предвидени со Законот за здравствено осигурување, осигурениците се упатуваат на лекување во странство доколку во барањето за негов транспорт, докторите навеле одредена конкретна интервенција која пациентот треба да ја добие, а таа не е достапна во земјава.

Законот, исто така не дозволувал промена на правилниците.

На прашањето, дали може да се смени законот, за пациентите да добијат медицинска рехабилитација во странство, а која тука ја нема, Грашковска вели дека „за тоа да се случи мора да се има предвид дека Фондот ќе треба да добие многу повеќе пари.“

„Ќе треба да зборуваме за целосна промена на системот на финансирање во здравството. Ние веќе имаме состанок со СЗО, каде зборувавме дека се потребни промени за начинот на финансирање на здравствениот систем во државата и во наредниот период ќе доставуваме такви иницијативи,“ вели Грашковска.

Родителите на Леонид, имаат право на жалба во рок од 15 дена, но мора да достават документација со која се докажува лекување, а не рехабилитација.

Во однос на измените на Законот за здравствено осигурување, техничкиот премиер Талат Џафери изјави дека не може да има законски измени и решенија заради одредени случаи.

„Работата на законите не се заснова на поединечни случаи. Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во земјава.

Тоа е општ акт за секој граѓанин. Не може од случај до случај да имате законски решенија затоа што тоа не би било закон, туку би било хаос, така што тоа не е причината, туку тоа што некој не ги врши своите работи,“ рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Треба да се испочитува здравствениот систем овде, па да се замине во странство, вели Манолева за лекувањето на Леонид

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Прилеп 7 нови случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 124

Редакција

Османи и Дендиас од Атина: Северна Македонија и Грција се стратешки партнери

Редакција

Веб страната за вакцинанција против Ковид-19 достапна и на албански јазик

Редакција