Бугарија не дозволила прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој синоќа пристигна во Скопје за да учествува на министерскиот Самит на ОБСЕ, јавија руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета
Неговиот авион прелател над Турција и Грција, бидејќи Бугарија не дала дозвола оти во него била и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која е на листата за санкции на Европската Унија.
Поради одлуката на Бугарија, на социјалната мрежа Телеграм се огласи Захарова, која истата ја смета за опасна глупост.
-Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија, напиша таа.
-Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година.
Таа пропишува територијата на една држава да се разбере како „копнени територии и соседни територијални води“. Воздушниот простор не е вклучен во терминот „територија“.
Во оваа смисла, ефектот од незаконските санкции на Европската Унија не може да се прошири на непрекинат лет на авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата, напиша таа.
Според Захарова, за првпат во историјата, државни органи забраниле лице во авион, а не авион, бидејќи, според белешката од бугарското дипломатско одделение, на авионот на руското МНР му беше дозволено да прелета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје
(Видео) Како изгледа салата во која се одржува Самитот на ОБСЕ
Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје
Фото: Руска амбасада