Осомничениот за убиствата и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, поради законската процедура во Турција најверојатно нема да биде брзо екстрадиран во Македонија како што очекува македонската јавност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест
Која е процедурата во Турција?
Македонските власти вчера го испратија барањето за екстрадиција до турските, а според тамошната процедура, (која можете да ја видите ОВДЕ), за да Палевски биде екстрадиран во Македонија, прво ќе одлучува локалниот Основен кривичен суд, потоа Судот за тешки кривични дела, а за одлуките Палевски ќе има право на жалба. А на крај конечната одлука, на политичко ниво, може да ја донесе и тамошниот Советот на министри.
Локалниот суд прво ќе проверува дали тој е државјанин на Турција или не е, дали делото е извршено на територија на Турција или не, ќе проверува дали делото застарело или не, дали според законите во Македонија за оваа дело е предвидено амнестија…, а потоа Судот за тешки кривични дела одлучува за екстрадицијата, а за таа одлука Палевски има право на жалба.
Колку ќе трае процедурата?
Поради тоа очекувањата на македонските правници се дека процедурата за екстрадиција може да потрае повеќе од еден месец, а дел од нив сметаат дека истата од различни причини може да се искомплицира и да трае и многу повеќе.
– Постапката, за жал, наспроти очекување на нашата јавност, најверојатно ќе потрае повеќе, изјави вчера професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, кој меѓудругото посочи и дека Палевски во Турција може и да тврди дека во Македонија неможе да добие фер судење и дека не е безбеден, поради реакциите во јавноста, но и поради терминологијата од типот „психопат“, „монструм“, „свирепо убиство“, која ја користат македонските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Палевски, кој е претседател на партијата „Десна„, на располагање му е и опцијата да тврди дека овој случај е политички монтиран, бидејќи досега поради недостапноста на македонските власти, тој не е сослушан.
Доколку Палевски избере да тврди дека во Македонија му е загрозена безбедноста, мора тоа и да го докаже пред турските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната
Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?
Фото: Десна/Фејсбук