еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која е санкционирана од САД

Македонската компанија „Сајтрокс“, која во јули лани заврши на „црната листа“ на САД, сега е ставена и на листата за санкции на американското Министерство за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции на САД

„Сајтрокс“ заедно со уште три фирми од Грција, Унгарија и Ирска беше ставена на „црната листа“ поради обиди за пристап до информациски системи, со цел загрозување на приватноста и безбедноста на поединци и на организации низ светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

На листата пак на американското Министерство е заедно со истите фирми и две физички лица поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор„, грчката компанија „Интелекса С. А“, ирските компании „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ и унгарската „Сајтрокс Холдинг“.

Санкции има и за Тал Џонатан Дилијан – основач на конзорциумот „Интелекса“ (во чии склоп се компаниите) и Сара Александра Фајсал Хаму – специјалист за корпоративен офшоринг, која обезебедувала менаџерски услуги за конзорциумот „Интелекса“.

Која е „Сајтрокс“

Кога компанијата беше ставена на „црната листа“, телевизијата Телма објави дека управител на “Сајтрокс“ ДООЕЛ во октомври 2022 година бил македонскиот државјанин Иво Малинковски.

Според телевизијата тогаш од влошката на “Сајтрокс“ е избришан Малинковски (бил управител и во менаџментот на фирмата од нејзиното основање на 27. март 2017 година) и како нов управител е впишана Јеновефа Моравкова, која не е од Македонија.

По осум месеци управување, како што објави Телма и Моравкова е избришана и на нејзино име како управителка е поставена Силвиа Јастрзебска, која исто така не од земјава..

Сајтрокс е регистриран за дејност компјутерско програмирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската компанија „Сајтрокс“, на „шпионската листа“ на Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Зимска бајка во ресторан „Оскар“ во Нижеполе

Редакција

Арбитражната пресуда во спорот со “Хеленик Петролеум“ била во наша корист, велат од Кабинетот на Битиќи

Редакција

Ем ги удрил со кола, ем ја натепал жената која завршила со скршеници и потрес на мозок

Редакција