Според последните податоци објавени вчера, во Македонија се регистрирани 1.259 заболени од коронавирусот.
Бројот пак на починати поради компликации од вирусот, заклучно вчерашните податоци изнесува 56.
“Регистрирани се 56 смртни случаи (Лт = 4,4%).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=39), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,2/100.000 жители.
Од починатите, кај 43 (76,8%) се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно податоците до 21. април, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заболени 214 здравствени работници во Македонија, излечени 25
На возраст од 20 до 59 се најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија
Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија
Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања