Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 72 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 7.април.
До 6. април имаше 69, до 5. април, 63 случаи, а до 3. април бројот на здравствени работници, заболени со вирусот беше 57.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови
Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија
Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин