Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати обвинението за случајот „ Рекет“, отфрлајќи ги приговорите на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Против ова решение, како што е наведено во соопштението, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба.
„Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени“, стои во соопштението од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Рекет“ даден на оценка, се чека закажување рочиште
Парите од „Рекет“ се уште не се пронајдени, Русковска смета дека се потрошени
Обвинението за „Рекет“ открива како ги трошел парите: Боки 13 бил невработен, а живеел луксузно