еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој е јавниот интерес од објавување на фотографија од Јанева во куќен притвор?

Денеска на социјалните мрежи се споделува фотографија од поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која од затворот Скопје во Шуто Оризари заврши во домашен притвор во станот на нејзниот син.

Фотографијата, која еМагазин нема да ја објави е направена на тераса, а истата заврши и во дел од медиумите. Нема потврда кога е направена. Дали откако заврши во домашен притвор или можеби е направена во друго време.

Да, Јанева згреши, и за тоа веќе „плаќа“ дебело. Остана без работа, углед, задолжена е со кредити според нејзниот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, пред себе има несигурна иднина… Нејзината постапка ќе се одрази и на животот на нејзините две деца.

И не само тоа. Нејзиниот најголем грев е што го “сруши“ Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое веруваа граѓаните, а во незгодна позиција ги стави и колегите, но и целиот правен систем во Македонија.

Сепак, кој е јавниот интерес од објавувањето на оваа фотографија во медиумите?

И таа како секој друг заслужува приватност и да биде оставена на мира.

Ставете се нејзино место. Секој може да згреши. И за секоја грешка плаќаме вака или онака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

ПРИЗМА: Јанева зела 157 илјади евра за „додаток за доверливост“ и други надоместоци

Гаќи, плажа, рекет и македонска (не)правда

Отплаќа три кредити: Каков имот пријавила специјалната обвинителка Катица Јанева која утре ќе сведочи за „Рекет„

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот му ги даде печатите на АА на Зијадин Села

Редакција

(Фото) И Бранко Црвенковски на инаугурацијата на Пендаровски во Собранието

Редакција

Кои се старо-новите членови на Управниот одбор на Алкалоид

Редакција