еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дали во нив е гласот на Камчев: Обвинителство отвори предмет за новите аудио-снимки

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Телма“ вели дека Јавното Oбвинителство отворило предмет во врска со новообјавените аудио снимки на Јутјуб.

„Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите“, вели Јовески.

Обвинителството ја отвори оваа постапка за да утврди дали токму во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело.

„Зависно од доказите и сознанијата до кои ќе се дојде во постапката, соодветно ќе се постапи. Се разбира доколку има потреба ќе се повикаат и лицата, но мислам во овој момент е прерано да се говори за конкретни лица“, додава Јовески.

Утре продолжува судењето за „Рекет“ при што како сведок треба да се појави Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, кој е сведок во случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска за објавените снимки: Заев измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати

Тортевски: Досадно е веќе со снимки кога се договарате за криминали, дајте директен пренос

Рускоска: Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на „Јутјуб“

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Редакција

(Галерија) „Етно гостилница Воденица 3“- новогодишна бајка и разгледница

Редакција

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени

Редакција