еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Просечната плата за три години „скокна“ за 50 евра: Недостигаат уште толку за просек од 500 евра

За точно 3.379 денари или околу педесетина евра се зголемила просечната плата во Македонија во периодот 2016-2019 година.

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 26.836 денари, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесувала 23.457 денари.

Трендот за зголемување на просечната плата главно е поттикнат од владините мерки за покачување на платите во јавниот сектор, зголемувањето на минималната плата и субвенциите за покачување на платите во приватниот сектор.

Имено, во изминатиов период беа покачени платите на вработените во здравствениот сектор, социјалните работници, полицијата, одбраната и останатите делови од јавниот сектор.

Истовремено со мерката за субвенционирање на платите во приватниот сектор во износ од 600 до 6.000 денари заклучно со декември, 2019 година околу 45.000 работници во земјава добиле повисоки плати во просек за 4.100 денари.

Сите овие покачувања се на товар на буџетот на државата од каде што се издвојуваат милиони евра за нивно реализирање, но и покрај тоа засега се чини дека ветувањето за просечна плата од 30.000 денари или 500 евра е се уште недостижно односно недостигаат уште педесетина евра за да се достигне оваа граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнеплатени професии: Можат само да сонуваат за просечна плата

Програмерите убедливо најплатени со просечна плата од 68.255 денари

Рекорден пораст: Просечната плата за еден месец „скокна“ за 1.049 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Александар Николоски, кандидат за министер за транспорт и вицепремиер

Редакција

Поплавени салите за интервенција на Клиниката за кардиологија

Редакција

Бројката на затруени со газирани пијалоци во Хрватска се зголеми на 34

Редакција