еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Колку сте повозрасен, толку повеќе корона вирусот е поопасен за Вас

Новиот тип на корона вирус, за кој се уште не знаат многу работи, според моменталните истражувања, кои секако не се финални, бидејќи се во рана фаза, а работите се менуваат од час во час, може да биде поопасен за повозрасните лица и за тие со хронични заболувања.

Смртноста кај повозрасните лица моментално се движи околу 50%, а процентот на смртни случаеви од корона вирус е околу 4%.

Според податоците кои ги пренесува worldometers досегашните податоци на смртни случаи од корона вирусот покажуваат дека 14,8 отсто од заболените кои биле на возраст над 80 години умреле од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците кои се возеле со заболената од корона вирус се во Скопје и Струмица, ќе бидат во изолација и под полициски надзор

Овој процент се намалува како што се намалува и возраста на заразените.

Како што е познато корона вирусот е пофатален за оние кои боледуваат од други болести, како што е и случајот со обичниот грип.

Податоците покажуваат дека 10,5 отсто од заболените кои веќе боледувале од кардиоваскуларни болесни умреле од корона вирусот. 7,3 проценти имале дијабетес, 6,3 отсто се со хронични респираторни болести, 6 проценти со хипертензија, 5,6 отсто имале рак, а 0,9 од починатите немале хронични болести пред корона вирусот.

Според полот, 2,8 отсто од заболените мажи се починати, а кај жените тој процент е 1,7 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ние од простоќа ќе фатиме коронавирус, од ништо друго“: Твитер реакции

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Да не беше корона вирусот, училиштата немаше да видат сапун

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина може да заврши до мај или порано, тврди советник на Зеленски

Редакција

(Фото) Инспирани од Србите: Денари со порака „никогаш Северна, само Македонија„

Редакција

(Галерија) Ракометарите кај Пендаровски: Државата секогаш ќе ви биде дом, нема да заборави што направивте за неа

Редакција