еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нови меилови и броеви на кои можете да пријавите непочитување на препораките за корона вирусот

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии.

Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државан инспекторат за труд  [email protected]/151 31

-Државен пазарен инспекторат  [email protected]/191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат  [email protected]/0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство  [email protected]/0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт  [email protected]

-Агенција за лекови и медицински средства  [email protected].

Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен.

„Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат.

Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас,“ се вели во владиното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17

Владата донесе одлука полицискиот час за викенд да биде од 16 часот до 5 наутро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мето Јовановски последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во својот матичен Драмски театар Скопје

Редакција

Денеска сончево со мала облачност, попладне можен краткотраен пороен дожд и грмежи

Редакција

Во Македонија регистрирани нови случаи на две подваријанти на омикрон

Редакција