еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

Вкупниот број на заболени лица со коронавирусот во Македонија продолжува да расте, а во секојдневен пораст е и бројот на заболени здравствени работници.

“Регистрирани се 41 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 28 се заболени во болнички/амбулантски услови“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

Пред неколку дена овој број беше 38.

Вчера од болницата „Плодност“ во Битола информираа за новозаболени од вирусот кај нивниот медицински персонал, а министерот за здравство, Венко Филипче пак соопшти дека е заболен доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар.

Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар и Скопје, а неофицијално и во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?

Кај 97 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се присутни хронична и здравствени состојби

Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: „Можно е новиот бран да биде биде постепен, развлечен преку целата есен и зима и без голем врв“

Редакција

Лавина од шпекулации: Пребега ли бегалецот Груевски од Унгарија во Русија, Турција или Азербејџан?

Редакција

Кога и за кого ќе има трета доза во Македонија

Редакција