Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за образование и наука, Арбер Адеми се негативни на корона вирусот.
Двајцата на Фејсбук соопштија дека нивните тестови на Ковид-19 биле негативни.
„По една недела изолација, првиот тест за Ковид-19 -негативен.
Врз основа на одлуката ми требаат уште седум дена за да останам во изолација, а потоа и вториот тест„, напиша Османи.
Министерот Адеми, кој исто така информира дека е негативен, им се заблагодари на сите за поддршката и им посака брзо закрепнување на сите заболени.
„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од два метра“, напиша Адеми.
Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче се повлекоа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Оливер Спасовски најави дека ќе се тестира за корона вирусот
Димитриевски: Во ниту еден момент не загрозив ничие здравје, држевме дистанца
Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен
Самоизолација и за министерот за образование Арбер Адеми
Фото: Влада/Фејсбук/Адеми