еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Циркусот „Рекет“ заврши, ама не дознавме каде се парите

Експресно, за наши услови, таман пред избори, во време на пандемија со корона вирусот, вчера со соопштувањето на пресудата заврши случајот „Рекет“, кој долго време ја брануваше јавноста.

Сега веќе неправосилно осудените Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева добија затворски казни, а ќе им биде конфискуван и нивни имот, но и на членови на нивните семејства.

Јанева ќе оди во затвор, пред да завршат мнозинството од случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои се влечат по судовите со години, а за случајот „Империја“ поради кој таа ја злоупотребила службената должност според судот и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, нема ни обвинителен акт.

Сепак тоа што предизвика најголем интерес кај јавноста уште на почетокот на овој „циркус“ е прашањето каде се парите кои според Обвинителството биле “изрекетирани“ од сведокот-оштетен бизнисменот Орце Камчев, кој СЈО го сомничи за „Империја“.

Одговор не добивме ни по финалето на „Рекет“, а јавноста не дозна ни колку пари всушност биле “изрекетирани“, бидејќи долго време се шпекулираше од различни страни за суми многу поголеми од 1,5 милиони евра.

И секако ретко кој во државата верува дека Јанева и Боки 13 се единствените „играчи“ во „Рекет“.

Откако ја слушна пресудата Боки 13 вчера во судница на судијката Васка Николовска-Масевска и кажа парите да ги бара од Зоран и Вице Заеви.

„Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги од Зоран и Вице Заеви, не од Бојан Јовановски„, рече тој.

Лидерот на СДСМ, Заев пак во изјава за „Фокус“ ги оцени како лажни обвинувањата што против него и неговиот брат ги искажа Боки 13. Тврди дека Јовановски лаже, бидејќи тој ги одбил сите негови барања да му помогне во судскиот процес.

Во однос на тоа дали Обвинителството докажало каде завршиле парите, бранителот на Боки 13, Сашко Дуковски, по завршувањео на судењето изјави дека има снимка на која три секунди се гледаат пари, а после тоа еден лик носи ташна, како да е перо во рака.

“Дали знаете дека најобичните предмети ширум судовите во Република Македонија за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец се обележуваат парите и се фаќа. Дали мислите дека, доколку тоа навистина така се случило Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уапсен.

Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога сака и како сака. Се применуваат апсолутно двојни аршини“, изјави Дуковски.

Подоцна за медиумите ја коментираше и изјавата на Боки 13.

„Јас не го разбрав дека е конкретно за парите од овој предмет, зашто ние тврдиме дека тука нема пари. Јас го разбрав дека зборува за воопшто, за некаков рекет од некои политичари„ рече Дуковски за телевизијата “ТВ 24„.

Прашана пак дали е задоволна од тоа како заврши предметот, со оглед дека не се најде одговор каде завршиле парите, обвинителката Вилма Русковска, која го водеше случајот изјави дека најголем дел од парите завршиле кај Боки 13 и Јанева.

„Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа се што си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа, изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 ќе поднесе кривични против актуелни функционери за измама и шпионажа, најави неговиот неговиот адвокат

На Јанева и Боки 13 и членови на нивните семејства ќе им биде конфискуван имот

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 640 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 426

Редакција

(Видео) Девојче ја пее „Let it go“ во скривница во Украина, снимка која го обиколи светот

Редакција

(ВИДЕО) Мицкоски: Во понеделник да се распушти Собранието, има време за вонредни парламентарни избори

Редакција