еМагазин
Image default
Македонија

Владата прогласи кризна состојба заради висок ризик од влез на мигранти

Владата на денешната 61-ва седница донесе oдлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на земјава заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија од Ковид-19 односно спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

Со оваа одлука периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на земјава се определува најмногу до 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.

Во врска со оваа одлука Владата донесе заклучок да се информира претседателот на државата и Собранието со предлог да донесе одлука за учество на дел од припадниците на Армијата во справувањето со кризната состојба.

Владата му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на земјава, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување на институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армијата се повлекува од јужната и северната граница, оти Собранието поради блокадата не ја продолжи кризната состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наќе Чулев е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Редакција

Лекарска комора: Насилството во здравството е многу почеста појава отколку што се зборува за неа

Редакција

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, соседите треба да се признаваат меѓу себе, смета Села

Редакција