„АстраЗенека“, донација од Унгарија за нашата гранична полиција, 6.000 дози!!! Сега шу праиме?, прашува микробиологот Никола Пановски на неговиот Фејсбук-профил.
„Ние нашите граѓани помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина. А овие за жал бајаги помлади ќе се. Како да ја искористиме вакцината, а да не ги навредиме Унгарците? Решение: нашата власт нема ништо против нејзините граѓани да се вакцинираат во странство.
Значи кај граничниот камен само еден мал чекор од половина метар во соседната држава, боцкање со „АстраЗенека“ на граничниот полицаец (тој што боцка може да си остане на оваа страна со нозете) и веднаш враќање во својата земја.
Ем испочитувана одлуката, полицајците вакцинирани, се по пропис. Со Србија веќе имаме искуство, таму да си одат нашите граѓани, рече министерот. Тое ви е драги пријатели вистинска грижа за здравјето на своите граѓани,“ пишува Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ