еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

24-годишното момче од Ресен кое почина од Ковид-19 одбило да остане во болница

Момчето од Ресен на возраст од 24 години кое почина вчера и беше најмладиот починат во ковид статистика, според информациите од Министерството за здравство, било примено на инфективното одделение во битолската болница во тешка состојба, но на сопствена одговорност заминал на домашно лекување, пренесува Сител.

-Пациентот на 24 август е примен во инфективното одделение на Клиничката болница Битола како суспектен на Ковид-19. Пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, веднаш на пациентот му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.

Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување.

По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен, велат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24-годишно момче од Ресен починало од Ковид-19

Висока бројка: Починати 36 лица од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: Минатата недела дури 946 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Општина Кавадарци склучи договор со „Бошкоски и Тошески инженеринг – теракота„ вреден 482 илјади евра

Редакција

Антонио Милошоски со покачена температура хоспитализиран на Инфективната клиника

Редакција