еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема старт на преговорите со ЕУ: Блокадата од Бугарија за Македонија останува

Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Република Северна Македонија. Актуелната нацрт-преговарачка рамка за пристапување на Република Северна Македонија не ги одразува предлозите на бугарска страна и затоа не може да поддржиме старт на преговорите, велат од бугарското Министерство за надворешни работи за новинската агенција БГНЕС.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, вчера во својот кабинет имал средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и в.д. шефот на делегацијата на Европската комисија во Бугарија, на која ги запознал со актуелните случувања по тамошните претседателски и парламентарни избори, како и со приоритетите на бугарските позиции за теми поврзани со заедничката европска агенда, пренесува агенцијата.

Во однос на преговорите за членство на Северна Македонија, пренесува агенцијата, Стоев ги истакнал напорите што ги направила Бугарија за да ги реши отворените прашања со Скопје, како и тоа дека нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство.

Министерот истакнал и дека бугарската страна сè уште очекува конкретни чекори од Скопје за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и претензиите кон малцинства, прекинување на говорот на омраза, промена на учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самоопределба.

„Не гледаме напредок, бидејќи нема политичка волја за решавање на овие прашања“, изјавил Стоев.

Во вакви околности, според него, Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција. Паралелно, Стоев ја потврдил поддршката за Албанија да ги започне преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

14 декември не е реалистичен рок за постигнување целосен договор со Македонија, вели можниот нов бугарски министер за надворешни работи

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“: Организаторите предвидуваат најквалитетна музичка понуда досега

Редакција

Оваа и наредната недела печатење и испорака на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение

Редакција

„Ова што ни се дешава у државава не е више ни смешно“: Твитер реакции за аудио снимката на Заев и руските комичари

Редакција