еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Чии пари први ќе почнат да се вртат на бројчаникот на Порта Македонија

Бројчаникот за украдените пари од претходната власт, кои треба да се вратат во буџетот, а беше предизборен адут на сега владејачката СДСМ, засега не врти.

Досега пари во буџетот врати поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на кого Финансиска полиција му поднесе кривична пријава поради оштетување на буџетот при изградбата на пешачкиот мост „Око“, дел од проектот „Скопје 2014“. Тој врати 443.000 евра.

Од општина Центар најавија дека овие пари ќе одат за асфалтирање на улици.

Судска одлука за враќање на пари во буџетот има и новинарката Ивона Талевска, која беше осудена за затајување данок во износ од околу 50.000 евра за случајот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за една година во буџетот таа треба да врати 1.145.900 денари.

И од други случаеви на СЈО се очекуваат одлуки за враќање на пари во буџетот, а најава од власта за враќање има и на пари кои биле злоупотребени од претходни советници, министри…

ГРАЃАНИТЕ СКЕПТИЧНИ

Граѓаните пак на социјалните мрежи се поделени за тоа колку злоупотребени пари ќе се вратат во буџетот, имајќи во предвид дека од Македонија во последниве неколку децении се изнесени милиони и милиони евра.

Бројчаникот е донација на премиерот Зоран Заев, а како што објави еМагазин, за него платил 7.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за млади и спорт вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Редакција

(Видео) Во возило на Брза помош во Србија полицијата најде три килограми марихуана

Редакција