еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Уште една жена почина по семејното труење со храна, мажот е пуштен на домашно лекување

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена, која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје, информираа од таму.

Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.

-Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење.

Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

47-годишна жена почина од труење со пестицид, сопругот и свекрвата завршија во болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката од април

Редакција

На 45-годишен маж му се слошило во казино, по што починал во струшката болница

Редакција

За Османи протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е неоправдано

Редакција