еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе биде ли Ѓорѓе Иванов првиот претседател „избркан“ од работа?

По вчерашната информација дека Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се наметнува прашањето дали ќе следува постапка за импичмент односно барање на одговорност од претседателот пред Собранието односно Уставниот суд.

Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави и дека веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, наведуваат од ОЈО.

Премиерот Зоран Заев уште во јуни, годинава изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција.

За успешна постапка за импичмент според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд.

Имено, во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии“.

Во член 87 од Уставот, пак, пишува дека претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

Ако собраниското мнозинство докаже дека Иванов не ги врши должностите во случаите со непотпишувањата на указите за Законот за употреба на јазиците и договорот за промена на името со Грција, тогаш постои можност од Собранието, каде власта веќе обезбеди двотретинско мнозинство пратеници, постапката да се пресели во Уставниот суд, кој не треба да се заборави дека дозволи одржување референдум.

Крајниот збор за утврдување евентуална одговорност на претседателот Иванов има Уставниот суд кој по ова прашање треба да одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На крајот на 2022 година регистрирани 9.699 слободни работни места

Редакција

Апасиев вели дека опозицијата треба да размисли за радикализација на методите

Редакција

МНР за кратенките со кои Македонија се обележува во НАТО: Тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата

Редакција