еМагазин
Image default
Бизнис

Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска присуствуваше на вонредната седница на Стопанска комора која се одржа по повод најавите за воведување на прогресивниот данок.

Оправдувајќи ја даночната реформа, Тевдовски потенцираше дека во развиените, просперитетни земји дури се бараат уште повисоки даноци за најмоќните, најбогатите граѓани за да се обезбедат што повеќе пари за здравство, образование, подобри услуги.

-Ако не правиме корективни мерки, децата можеби ќе имаат полоши услови од нивните родители. Со плата како министер не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо, а што е со огромниот број луѓе кои имаат многу пониска плата од министерската. Тоа значи дека мора да воведеме праведно оданочување за идните генерации да имаат повисок животен стандард. Го слушнавме гласот на народот, на бизнисмените, затоа и прагот го зголемивме и е поставен кај прогресијата на еден процент од луѓето со највисок доход, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки ќе предизвика прогресивното оданочување

Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диомидис Николетопулос реименуван за генерален извршен директор на Стопанска банка Скопје

Редакција

Макпетрол во ноември нема да доставува гас за топланите Исток и Запад

Редакција

Врховен суд склучи договор со Неоком вреден 705,1 илјади евра

Редакција