Од Revija bar & food со задоволство соопштуваат дека Александра стана дел од нивниот тим на вработени.
„Како и останатиот дел од нашиот тим таа вредно и одлично си ја врши работата, а ние се надеваме дека нејзината приказна ќе ги поттикне останатите угостителски објекти и бизниси да имаат рамноправен третман кон сите граѓани!“, велат од таму.
Пред неколку дена од Ревија објавија оглас за вработување во кој ги охрабрија лицата со Даунов синдром и попреченост да се јават на нивниот оглас.
„Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“, стоеше во огласот.
Фото: Ревија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Во Скопје отворен lounge барот „Umbrella“, кој вработи 10 лица со попреченост