еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Груевски ги остави на цедило Јанакиески, Божиновски, Јанкулоска…

Експресниот притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс-генералниот секретар Кирил Божиновски се директна последица на бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил.

Иако Јанакиески го осуди бегството на Груевски и изјави дека нема намера да бега, надлежните веднаш решија да го притворат. Со тоа Јанакиески, како и Божиновски „ни криви, ни должни“ ќе ги чекаат пресудите од судските процеси што се водат протв нив зад решетки наместо на слобода.

Веројатно е, но останува да се види дали власта сега ќе почне почесто да ја користи мерката притвор за да не и се случи уште еден „голем срам“ каков што е пребегнувањето на Груевски во Унгарија.

Сепак, доколку ги притвори и сите лица кои се обвинети од Специјалното јавно обвинителство, Владата не може да избегне одговорност што дозволи пред очи да и избега екс-премиерот Никола Груевски.

Од друга страна, Груевски наместо машки да се соочи со пресудата тој реши кукавички да избега и да ги остави на цедило неговите довчерашни најблиски споработници, што само покажува каков е карактерот на човекот кој цели 11 години беше на чело на македонската Влада.

Фото:Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Јанкулоска за Груевски: Бегството не може да биде решение на кој било проблем

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективна клиника капацитетот е речиси исполнет, на помош пристигаат здравствени работници од неколку градови

Редакција

Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

Редакција

Нови 600 случаи на Ковид-19, оздравени 743, починати 10 лица

Редакција