еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ветрот и се насмеа на власта: Излезете надвор, во Скопје се дише

Не поминаа ниту 24 часа откако власта поради аларматното загадување издаде препораки до граѓаните да седат дома, а во Скопје утрово ветрот го растера загадениот воздух и скопјани се разбудија во бран кислород.

Сепак, тоа не ја амнестира власта од одговорноста за загадувањето, која наместо да преземе конкретни и решителни чекори за намалување на негативното влијание на загадениот амбиентен воздух ги повторува чекорите од претходната власт.

Имено, со години се повторуваат истите препоркаи – да се користи јавен превоз, да се ограничи движењето, младите и хронично болните да седат дома…и во тоа нема ништо лошо.

Но, кога беше во опозиција актуелната власт ги критикуваше ваквите препораки, а сега ги користи истите што само  ја покажува безидејноста и нерешителноста во однос на овој проблем.

Наместо тоа, Владата треба да одвои сериозни средства од буџетот кои ќе се искористат во секој дом што се загрева на дрва да се инсталираат грејни тела на струја или плин, целосно да се ограничи сообраќајот во централните градски подрачја наместо да се ставаат налепници, да се воведат сериозни казни за индустриските загадувачи и конечно да се забрза процесот на гасификација кој очигледно е единствено логично решение кое најмногу може да придонесе да се реши проблемот со загадувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои градови не се загадени: Штипскиот ветер е „лек“ за скопскиот воздух

(Видео) Отровен воздух во Скопје: „Ако не сака Владата сами ќе го мериме загадувањето“

Твитер „гневен“ за загадувањето: „Со влакната во носот против ПМ честички“

Надлежните со препораки поради загадениот воздух: Ограничете престој на отворено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Пантелис Григори: Trip to sail е уникатна платформа за вашиот одмор да едрите во Грција

Редакција

Цената на становите во Скопје годинава повисока за 18,8%

Редакција

Не дојде адвокатот на еден од обвинетите: Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција