Двајцата царински работници кои го посетија избеганиот поранешен премиер Никола Груевски, сега азилант, во Будимпешта, се прераспределени на други работни места, информираше денеска директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски.
Едниот е прераспределен од архива во магацин, а другиот од секторот контрола и истраги е прераспределен на друго работно, но е оставен на ниво на кое бил и досега.
„Прераспределени се и двајцата. Александар Трајковски е оставен на исто ниво, а на друго место. Во однос на другиот посетител, добивме одговори во текот на оваа недела од некои институции и следува кај нас внатрешна истрага, како и отворање постапки, но не сакам да прејудицирам каков ќе биде исходот од постапката. За вториот посетител на Груевски има предистражни дејствија и не би сакал да коментирам, тоа е надлежност на јавното обвинителство за организиран криминал“, изјави Танаскоски, кој додаде дека вториот посетител на Груевски е преместен на друго работно место „заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно“.
„Согласно предистражните дејства мораше да биде прераспределен на друго место во Царината„, рече Танаскоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија
еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде
Фото: Груевски/Фејсбук